1 / 16

Природата и животните

Наталија Тодороска. За да слушнеш звук само кликни. Анабела Петреска. Природата и животните. Природа е се она што не опкружува, а не е создадено од човекот. кој и самиот,. дел спаѓа во природата,. а дел во општеството. Има два вида на природа:. * Жива природа и * Нежива природа.

Télécharger la présentation

Природата и животните

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Наталија Тодороска За да слушнеш звук само кликни Анабела Петреска Природата и животните

  2. Природа е се она што не опкружува, а не е создадено од човекот кој и самиот, дел спаѓа во природата, а дел во општеството. Има два вида на природа: * Жива природа и * Нежива природа. Совршени ледени кругови досега се имаа појавено на Северниот пол, во Скандинавија и Канада, но сега првпат се забележани и во Велика Британија. Ваквата идеална геометриска природа се појавува на речните свиоци каде брзата водена струја создава ротација која крши парчиња лед и ги обликува во форма на круг. Експертите тврдат дека овие кругови се ретка природна појава За природата на боговите (лат. De Natura Deorum) е дело на римскиот говорник Цицерон, напишано во 45 п.н.е. Делото е поделено на три „книги“, кои ја обработуваат теологијата на различни римски и старогрчки философи. Книгата особено се задржува на критички осврт кон стоичката и епикурејската теологија. Делото расправа и за веројатноста и случајноста, и истата се смета за извор на теоремата на неуморниот мајмун, каде во едно големо множество на случајни настани може да се пронајде навидум голем поредок

  3. Планина (Гора) е возвишување на Земјината површина во одредени зони кои се резултат на активноста на Земјината кора. Постојат многу теории за создавањето на планините. Според најновите, тие се резултат на судир на големи плочи на Земјината кора. Сето тоа почнува кога две од овие плочи се одвојуваат и оставаат меѓу нив потоната зона. Тогаш таму се таложат седиментите додека нивното огромно количество не предизвика тонење на блокот. Тоа, пак, предизвикува двете плочи да бидат повлечени, но сега во иста насока. Додека се приближуваат, тие го виткаат слојот со седименти, а тој, пак, во горниот дел создава возвишување. На крајот, поради рамнотежа на различните маси на Земјината кора, набирањето оди нагоре и така се создава планински венец. Во други случаи, кога плочите се судираат од друга страна, без да има претходно свиткување, се дига Земјината кора и се создава венец на судир.

  4. Поделба на планините Планините ги делиме на млади верижни и стари грамадни планини. Првите се карактеризираат со остри врвови и најчесто се многу високи. Тие се помлади бидејќи врз нив уште не дејствувала ерозијата, која, во текот на милиони години ќе одзема материјали и ќе ги изедначува облиците, како да е планината „зарамнета“, а тоа им се има случено на старите планини, кои имаат заоблени гребени, па дури и зарамнети. Орогенеза Во текот на долгата геолошка историја на Земјата имало четири големи орогенски циклуси (од грчки oros=гора и genesis=создавање). Како резултат на овие циклуси дошло до создавањето на постојните планини. Последниот од овие циклуси е орогонија алпина, зошто од него се создадени Алпите во Европа, како и денешната структура на Андите во Јужна Америка или Карпестите Планини во Северна Америка.

  5. Ова беше се за природата На следниот слајд ќе видите нашто повеќе за дивите животни. Се надеваме дека ви се допадна.

  6. Слонот (лат. Elephantidae) е голем цицач што се карактеризира со присуство на долга и мускулеста сурла и две долги и извиени коски. Слоновите се високоинтелигентни и силни животни, а воедно се и најголемите копнени животни, како и животни со најдолг животен век, обично 60 години или повеќе. Здравите возрасни слонови немаат природни непријатели освен луѓето. • Низ историјата, луѓето ги ценеле слоновите поради нивната големина и сила. Ги користеле на бојното поле, како и за пренесување на тежок товар низ џунглите и за влечење на огромни дрвја од шумите За да слушнеш звук само кликни

  7. Дива свиња (Sus scrofa L.) • Дивата свиња кај нас е мошне ценет ловен дивеч. Покрај тоа што дава голема количина на месо, таа е ценета и поради трофејната вредност на кожата и забите очници (секачи и брусачи). cinghiale.jpg • Дивата свиња е близок роднина на домашната свиња, живее во чопори воглавно околу влажните шуми. Тоа е крупна дивеч која поради нејзината голема бројност кај нас многу се лови. За таа бројност е заслужен како големиот број на млади во леглото така и малиот број на природни напријатели. Трча исклучително брзо, а истотака е и добар пливач. • Според начинот на исхрана спаѓа во сештојади, што значи дека покрај храна од растително потекло го јадат и животните кои ќе успает да ги фатат, па дури и лешови. За да слушнеш звук само кликни

  8. Тигар (Panthera tigris) - црвеникаво жолто-кафена пругаста голема мачка распространета во шумите, пасиштата и мочуришните делови на источна Русија, јужна Азија, Суматра и некои помали делови во Кина. • Тигарот живее самотно, лови ноќе, а омилен плен му се цицачите со средна големина (на пр., елен).[3] Нивната големина, бојата и формата на пругите се определени со локацијата и во зависност од подвидовите. Јужниот тигар, како што е бенгалскиот тигар (P. tigris tigris) е помал во големина и има значително посветли бои отколку тигрите распространети на север, како што е реткиот сибирски тигар (P. tigris altaica). Мажјаците растат до височина поголема од 1 m, достигнувајќо должина од 2,2 m, не сметајќи ја опашката со должина од 1 m, а можат да достигнат тежина од 160 до 290 kg. Тигарот живее околу 11 години. За да слушнеш звук само кликни

  9. Ова беше се за дивите животни На следната страница ќе видиме несто повеќе за домашните животни

  10. Коњот е голем копнен цицач кој се одликува со брзина, сила и издржливост. Коњите се членови на фамилијата Equidae која ги вклучува и зебрите и магарињата. Како и сите еквиди, коњот е извонредно добро адаптиран на патувања на долги релации, преживувајќи со исхрана која се состои од треви. Коњот е социјално животно, формирајќи силни здруженија со членовите на своето стадо. • Влијанието на коњите на човечката историја и цивилизација ги прави едни од најважните домашни животни. Коњите биле припитомени во Евроазија пред околу 6,000 години. Тие низ историјата им служеле на луѓето во земјоделството, војните и спортот. Денес питомите коњи се распространети насекаде низ светот, со вкупна проценета популација од околу 60 милиони единки. Т.н. диви коњи, како оние на американскиот запад, се всушност слободни предци на домашните коњи кои не се припитомиле. За да слушнеш звук само кликни

  11. Куче (Canis lupus familiaris)[1] е припитомен подвид на сивиот вол, кучињата се цицачи од редот на Carnivora (ѕверови односно месојади). Кучето е припитомено од човекот и служи како негово милениче. Кучињата се доста интелигентни и освен што служат за домашно милениче тие служат и како чувари на домот и семејството од кое е одгледувано и сл. Според најновите истражувања се смета дека низ цел свет има околу 400 милиони кучиња. • Кучето се разввило во стотици различни раси. Мерено од гребенот на кучињата се има заклучено дека има кучиња од неколку инчи како на пример Чивавата па се до кучиња со неколку стапки како Ирскиот Волчиј ‘Рт. Бојата варира најчесто од бела до сива па се до црна и од кафена до жолто-кафена (темна и светла). И крзното може да им биде доста кратко или пак доста долго, влакната може да им бидат од виткани до прави и мазни па се до густи и рапави За да слушнеш звук само кликни

  12. Обичната мачка е најраспространетиот вид од фамилијата мачки: како дива или домашна (Felis ocreata domestica) ја има насекаде. Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ? се приближува со бесшумно прикрадување. И таа, како другите мачки, преде кога е задоволна. Со луѓето е од многу одамна. Во стариот Египет, мачката била дури свето животно. Бастет, на пример, била мачколика божица на музиката, на танцот и на мајчинството. За разлика од кучето, мачката е многу понезависна и приврзана им е само на оние што знаат да ја пленат! Се претпоставува дека домашната мачка потекнува од дивата мачка од стариот свет (Европа, Азија, Африка) која е малку поголема и има подолга опашка. За да слушнеш звук само кликни

  13. Ова беше се за домашните животни На следната страна ќе видеме несто повеќе за птиците

  14. Сивиот сокол (лат. Falco peregrinus) е најбрзата птица, а воедно и живо суштество на планетата. Се храни со птици, најчесто гулаби, патки, сколовранци и сл. Во својот добро познат пад од небото развива фантастична брзина која е измерена до 320 km на час. Својот плен го лови исклучиво во воздух. Мажјакот кај сивиот сокол, како и кај повеќето птици-грабливки е 1/3 помал од женката. Својата сива боја ја добива по една година возраст, претходно младите се темно кафени. • Во Македонија се среќаваат два подвида: F.P. peregrinus или номиналниот подвид и медитеранскиот подвид, нешто помал - F.P.brookei. • Се гнезди во дупки на непристапни карпи. Како и сите останати соколи никогаш не прави гнездо, туку користи стари напуштени гнезда од гаврани, или, пак, едноставно ги несе своите јајца на карпата. Во гнездото обично несе од 3 до 4 јајца, во зависност од пристапот до храна. По 38-42 дена инкубација воглавно од страна на женката, се испилуваат малите сосема беспомошни соколчиња.За да излетаат од гнездото потребни се 40 дена. А за да станат неприкосновени ловци како своите родители, потребни се уште наредни 40 дена. Важно да се напомене е тоа дека само 1/3 од младите соколи успеваат да ја преживеат првата зима За да слушнеш звук само кликни

  15. Папагалите се тропски птици и ги има 350 вида. Претежно живеат во тропски и субтропски подрачја. Се хранат најчесто со растителна храна, како: овошје, семки, цвеќе, листови, корени и кора, но во зависност од видот јадат и инсекти и ларви.

  16. Ви благодариме на посетата

More Related