1 / 29

Статистика на каматни стапки

Статистика на каматни стапки. Ново известување за статистиката на каматните стапки на останатите депозитни институции (банките и штедилниците) до Народна банка на Р. Македонија. Дирекција за статистика Отсек за монетарна статистика Октомври, 2013 год.

breena
Télécharger la présentation

Статистика на каматни стапки

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Статистика на каматни стапки Ново известување за статистиката на каматните стапки на останатите депозитни институции (банките и штедилниците) до Народна банка на Р. Македонија Дирекција за статистика Отсек за монетарна статистика Октомври, 2013 год

  2. Статистика на каматни стапки – основна примена • Генерално, статистиката на каматните стапки е многу корисна поради следново: • Овозможува континуирано оценување на монетарниот развој во земјата. • Придонесува за прибирање на потребните информации за следење на функционирањето на пазарите и финансиските институции, помагајќи да се промовира стабилноста и ефикасноста на финансискиот систем. • Овозможува статистичко известување на податоци за земјата до ММФ, како и обезбедување на квалитетни информации за останатите меѓународни организации, корисници од други институции и на јавноста, воопшто. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  3. Статистика на каматни стапки – основна примена Значење на Статистиката на каматни стапки Статистиката на каматните стапки е значајна при донесувањето на одлуките, особено во економската и монетарната политика на земјата со оглед дека: • Овозможува да се оцени трансмисиониот механизам на монетарната политика; • Обезбедува ажурни податоци за финансиските услови во монетарниот сектор на земјата; • Го олеснува следењето и анализата на цената на финансиските средства; • Овозможува одредување на маргините кои обезбедуваат информации за конкурентноста на пазарот и профитабилноста; • Добивање информации за нивото на можното задолжување на нефинансискиот сектор. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  4. Статистика на каматни стапки – основна примена • Значење на Статистиката на каматни стапки Подобрувањето на извештајните обрасци за потребите на Статистиката на каматни стапки за дадените кредити и примените депозити на домаќинствата и нефинансиските институции (кои се воведени со Регулативата на ЕЦБ - ECB/2009/7) се многу корисни бидејќи овозможуваат: • Дополнителна поделби преку кои ќе се обезбедат хармонизирани податоци со податоците на другите европски земји и да се олесни споредливоста на податоците помеѓу земјите. • Обезбедува понатамошни согледувања за финансирањето на малите и средните претпријатија. • Обезбедува информации за финансирањето на самостојните вршители на дејност и помага за интерпретирањето на генералниот развој на кредитирањето на населението; • Олеснува да се разграничат каматните стапки на краткорочното и долгорочното финансирање. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  5. Статистика на каматни стапки – основна примена • Дистрибуција на податоците • Внатрешни корисници • Јавност • Статистички прилог кон Кварталната информација на НБРМ (Билтен) • Податоци јавно објавени на интернет страната на НБРМ • 3. Институционални корисници • Државен завод за статистика • Меѓународни институции • други Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  6. Спроведени активности за имплементирање на нови обрасци за каматните стапки Во текот на 2013 година беа реализирани повеќе конкретни активности и тоа: • Консултирање на регулативите и прирачникот за каматни стапки на ЕЦБ; • Анализа на тековната пракса на земјите членки на ЕУ, преку објавените методологии и серии податоци на нивните интернет страници; • Состаноци со експертите за монетарна статистика од Австриската централна банка; • Консултативни состаноци со ИТ експерти - изнаоѓање на оптимално апликативно решение за прибирање на податоците; • Состаноци со други дирекции на НБРМ кои прибираат податоци од банките и штедилниците - дали може да се избегне дуплирање на известувањето; • Изработка на предлог обрасци за каматни стапки целосно прилагодени кон регулативите на ЕЦБ и • Подготовка на подзаконска регулатива. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  7. Правна и методолошка рамка Останатите депозитни институции (банки и штедилници) за потребите на статистиката на каматни стапки до НБРМ известуваат статистички податоци: за тековното известувањесогласно следниве пропишани подзаконски акти: • 1. Одлука за доставување податоци за каматните стапки на банките на примените депозити и на дадените кредити ("Службен весник на Република Македонија" бр.126/11); • 2. Упатство за пополнување извештаи за каматни стапки на примени депозити и дадени кредити (образец КС-1 и образец КС-2), У бр.8724 од 14.11.2011 („Службен весник на Република Македонија“ бр 160 од 18.11.2011 година) • за новото известување согласно следниве пропишани подзаконскиакти: • 1. ОДЛУКА за известување за пондерираните каматни стапки на дадени кредити и на примени депозити („Службен весник на Република Македонија“ бр.166/13) • 2. УПАТСТВО за начинот, формата и обрасците за известување за податоците за • пондерираните каматни стапки на дадените кредити и на примените депозити (“Службен весник на Република Македонија” бр. 186/13) Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  8. Правна и методолошка рамка Изработката на податоците за потребите на статистиката на каматни стапки методолошки се базира на: • за тековното известување методолошката рамка е дадена во упатството за пополнување на извештаите и во поголем дел се базира на: • 1. REGULATION (EC) No 63/2002 OF THE EUROPEAN CENTRAL BANK of 20 December 2001 concerning statistics on interest rates applied by monetary financial institutions to deposits and loans vis-а-vis households and non-financial corporations (ECB/2001/18); • 2. Manual on MFI interest rate Statistics, Regulation ECB/2001/18. • за новото известување методолошката рамка ќе биде дадена во Методологија за известување на пондерираните каматни стапки на дадените кредити и на примените депозити (Обрасци КС1, КС2, КС3, КС4 и КС5) која во целост се базира на: • 1. REGULATION (EC) No 290/2009 OF THE EUROPEAN CENTRAL BANK of 31 March 2009 amending Regulation (EC) No 63/2002 (ECB/2001/18) concerning statistics on interest rates applied by monetary financial institutions to deposits and loans vis-à-vis households and non-financial corporations (ECB/2009/7); • 2. Manual on MFI interest rate Statistics, Regulation ECB/2001/18. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  9. Извештајни единици, рокови и обрасци • За тековното известување почнувајќи од 2005 година: • Извештајот за пондерираните каматни стапки на примените депозити и дадените кредити (образец КС-1) го известуваат само банките на месечна основа, по електронски пат, најдоцна во рок од 18 (осумнаесет) дена по истекот на месецот за кој се известува; • 2. Извештајот за каматните стапки на примените депозити и дадените кредити (образец КС-2) го известуваат банките и штедилниците на месечна основа, по електронски пат и во хартиена форма, најдоцна во рок од 5 (пет) работни дена од почетокот на месецот за кој се известува. • За новото известување почнувајќи од 2014 година: • Обрасците за пондерираните каматни стапки на останатите депозитни институции на дадените кредити и на примените депозити (Образец КС1, КС2, КС3, КС4 и КС5) ќе ги известуваат банките и штедилниците на месечна основа, по електронски пат, најдоцна во рок од 18 (осумнаесет) дена по истекот на месецот за кој се известува. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  10. Барања за известување на ЕЦБ

  11. Барања за известување на ЕЦБ Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  12. Нови извештајни табели - обрасци • Извештајни табели за пондерираните каматни стапки: • а. Образец КС1: ПОНДЕРИРАНИ КАМАТНИ СТАПКИ И ИЗНОСИ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА ДАДЕНИ КРЕДИТИ И НА ПРИМЕНИ ДЕПОЗИТИ; • б. Образец КС2: ПОНДЕРИРАНИ КАМАТНИ СТАПКИ И ИЗНОСИ НА НОВООДОБРЕНИ КРЕДИТИ И НА НОВОПРИМЕНИ ДЕПОЗИТИ; • в. Образец КС3: ПОНДЕРИРАНИ КАМАТНИ СТАПКИ И ИЗНОСИ НА НОВООДОБРЕНИ КРЕДИТИ СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ; • г. Образец КС4: ПОНДЕРИРАНИ КАМАТНИ СТАПКИ И ИЗНОСИ НА НОВООДОБРЕНИ КРЕДИТИ СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, ПО ОРИГИНАЛНО ДОСТАСУВАЊЕи • д. Образец КС5: ПОНДЕРИРАНИ КАМАТНИ СТАПКИ И ИЗНОСИ НА ПРЕКУНОЌНИТЕ ДЕПОЗИТИ, ОБНОВЛИВИТЕ КРЕДИТИ (РЕВОЛВИНГ), НЕГАТИВНИТЕ САЛДА ПО ТЕКОВНИ СМЕТКИ И КРЕДИТИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  13. Нови извештајни табели - обрасци • Обрасците КС1, КС2, КС3, КС4 и КС5 се составени од три дела: • Дел I: Каматни стапки на денарски кредити/депозити; • Дел II: Каматни стапки на денарски кредити/депозити со валутна клаузула; • Дел III: Каматни стапки на кредити/депозити во странска валута. • Поделбата според валути ги опфаќа пондерираните каматни стапки за кредити и депозитите договорени во денари, денари со валутна клаузула и во странска валута. За кредитите и депозитите договорени во денари со валутна клаузула и во странска валута извршена е поделба на кредити/депозити договорени во евра, САД долари, швајцарски франци и останати валути. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  14. Образец КС1: ПОНДЕРИРАНИ КАМАТНИ СТАПКИ И ИЗНОСИ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА ДАДЕНИ КРЕДИТИ И НА ПРИМЕНИ ДЕПОЗИТИ • Во образецот КС1, останатите депозитни институции потребно е да известат податоци за состојбите и пондерираните каматни стапки, согласно вкупната сметководствена состојба на дадени кредити и на примени депозити, за месецот за кој се известува. • Во рамките на образецот, извршена е поделба според следниве критериуми: • секторска припадност; • намена на кредитите на домаќинствата; • оригинална рочност на доспевање и • валута. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  15. Образец КС2: ПОНДЕРИРАНИ КАМАТНИ СТАПКИ И ИЗНОСИ НА НОВООДОБРЕНИ КРЕДИТИ И НА НОВОПРИМЕНИ ДЕПОЗИТИ • Во образецот КС2, останатите депозитни институциите потребно е да известат податоци за состојбите и пондерираните каматни стапки на новодоговорените активности за дадените кредити и за примените депозити, за месецот за кој се известува. • Во рамките на сите делови, извршена е поделба според следниве критериуми: • секторска припадност; • намена на кредитите на домаќинствата; • висина на дадени кредити на нефинансиски институции; • иницијален период на фиксирање на каматната стапка кај кредитите; • оригинална рочност на доспевање кај депозитите и • валута. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  16. Образец КС3: ПОНДЕРИРАНИ КАМАТНИ СТАПКИ И ИЗНОСИ НА НОВООДОБРЕНИ КРЕДИТИ СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ • Во образец КС3 останатите депозитни институции потребно е да известат податоци за состојбата и пондерираните каматни стапки на новодоговорените активности за дадените кредити со обезбедување, за месецот за кој се известува. • Во рамките на сите делови, извршена е поделба според следниве критериуми: • секторска припадност; • намена на кредитите на домаќинствата; • висина на дадени кредити на нефинансиски институции; • иницијален период на фиксирање на каматната стапка кај кредитите и • валута. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  17. Образец КС4: ПОНДЕРИРАНИ КАМАТНИ СТАПКИ И ИЗНОСИ НА НОВООДОБРЕНИ КРЕДИТИ СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, ПО ОРИГИНАЛНО ДОСТАСУВАЊЕ • Во образецот КС4 останатите депозитни институции потребно е да известат податоци за состојбите и пондерираните каматни стапки на новодоговорените активности за дадените кредити со обезбедување, по оригинално доспевање, за даден извештаен период. • Во рамките на сите делови од образецот, потребно е да се известат податоци за дадените кредити по висина на износот на кредитот, по валута и на кредитот одобрени со флуктуирачка стапка и со иницијален период на фиксирање до 1 година, како и со оригинално доспевање над 1 година, пооделно за: • сите новодадени кредити и • новодадените кредити со обезбедување. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  18. Образец КС5: ПОНДЕРИРАНИ КАМАТНИ СТАПКИ И ИЗНОСИ НА ПРЕКУНОЌНИТЕ ДЕПОЗИТИ, ОБНОВЛИВИТЕ КРЕДИТИ (РЕВОЛВИНГ), НЕГАТИВНИТЕ САЛДА ПО ТЕКОВНИ СМЕТКИ И КРЕДИТИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ • Во образецот КС5 останатите депозитни институции потребно е да известат податоци за состојбите и пондерираните каматни стапки на вкупните сметководствени состојби и новодоговорените активности, за прекуноќните депозити, револвинг кредитите, негативните салда по тековни сметки и кредитните картички, за даден извештаен период. Податоците за вкупните сметководствени состојби и новодоговорените активности се идентични, затоа се опфаќаат во еден образец. • Во рамките на сите делови, извршена е поделба според следниве критериуми: • секторска припадност; • класификацијапо посебни финансиски инструменти и • валута. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  19. Основни карактеристики на прашалниците • 1. Известувачи: Останати депозитни институции - 20 банки (16) и штедилници (4); • Датум на известување: 18 (осумнаесет) дена по истекот на месецот за кој се известува; • 3. Точност на известување на податоците: износите се праќаат заокружени на две децимали и пондерираните каматни стапки (годишни договорни стапки - ГДС) заокружени на две децимали, искажани во проценти; • Формат на документот кој се известува: XLM; • Начин на известување: по електронски пат преку апликацијата МИР • Основа за известување: податоците се изработуваат согласно сметковниот план за банки при што поодделните категории од обрасците се добиваат како збир од повеќе сметки или дел од сметки.Некои категории треба да се известатсогласно финансиско сметководствената евиденција. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  20. Применет концепт во обрасците за новодоговорените активности • а. Новодоговорените активности ги опфаќаат сите нови договори склучени помеѓу домаќинствата или нефинансиски институции од една страна и останатите депозитни институции од друга страна; • б. Каматните стапки се пондерирани просечни каматни стапки на новодоговорените активности склучени во месецот за кој се известува; • в. Стапките на кредитите се поделени според иницијален период на фиксирање и на кредити со и без обезбедување; • г. Стапките на кредитите се поделени според висината на дадениот кредит; • д. Стапките на депозитите се поделени според оригиналната рочност на доспевање или според периодот на најава за депозитите со договорна рочност и депозити отповикливи со најава, соодветно. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  21. исклучуваат: • а. • Новодоговорените активности • Пролонгирањето на постојните договори за кредитите/депозитите кои се спроведуваат автоматски, без активна вклученост на домаќинствата или нефинансиските институции; • Промена на променливите каматни стапки, кои произлегуваат од автоматски прилагодувања; • Промената од фиксни во променливи каматни стапки или обратно, во текот на важењето на договорот, кое било договорено на почетокот на склучувањето на договорот; • Кредитите за реорганизација на долг по каматни стапки значајно пониски од пазарните; вклучуваат: • сите финансиски договори, во кои за првпат се договара и се прецизира каматната стапка на кредитот/депозитот; • Сите нови преговарања за постојните кредити/депозити, во кои има активна вклученост на клиентот Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  22. Применет концепт во обрасците за новодоговорените активности • б.Каматните стапки се пондерирани просечни каматни стапки на новодоговорените активности склучени во месецот за кој се известува • На пример за да се пресметаат каматните стапки за новодоговорените активности во текот на првиот месец во годината пресметувањето се врши на следниов начин: [(партија 1: новодоговоренизнос*новодоговоренaГДС) + (партија 2: новодоговоренизнос*новодоговоренaГДС) + ... + (партија n: новодоговоренизнос*новодоговоренaГДС) ]/ [(партија 1: новодоговоренизнос) +(партија 2: новодоговоренизнос) + ... + (партија n: новодоговоренизнос) ] Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  23. Применет концепт во обрасците за новодоговорените активности • в. Каматни стапки на новодоговорени активности, поделба по рочност; • Иницијален период на фиксирање: Однапред одреден период на почетокот на склучување на договорот, за време на кој нема да се промени каматната стапка. Иницијалниот период може да биде помал или еднаков на договорената рочност. • Оригинална рочност на доспевање (или рочност при одобрување) се однесува на фиксен период на траење на кредитниот/депозитниот договор. Каматни стапки на Каматни стапки на новодоговорени активности вкупни сметководствени активности Кредити Оригинална рочност на доспевање Депозити Оригинална рочност на доспевањеОригинална рочност на доспевање Иницијален период на фиксација Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  24. Применет концепт во обрасците за новодоговорените активности • г. Стапките на кредитите се поделени на кредити со и без обезбедување; • Се опфаќаат сите кредити со обезбедување, при што се прикажува вкупниот износ на новодоговорените кредити кои се обезбедени. • Евалуацијата на износите на кредитите со обезбедување треба да се направи во моментот кога кредитот е даден. • д. Стапките на кредитите се поделени според висината на дадениот кредит; • Поделбата по висината на износот на кредитот (во милиони евра) се однесува на договорениот износ на секоја поодделна кредитна партија која претставува новодоговорена активност. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  25. Каматни стапки на новопримени депозити • г. Стапките на депозитите се поделени по оригинална рочност на доспевање или по периодот на најава за депозитите со договорена рочност и депозитите отповикливи со најава, соодветно. • Оригинална рочност на доспевање (или рочност при одобрување) се однесува на фиксен период на траење на кредитниот/депозитниот договор, во којшто период договорот неможе да се отповика или може да се отповика само со плаќање на одредени пенали. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  26. Применет концепт во обрасците за вкупните сметководствени состојби • а. Вкупните сметководствени износи потребно е да бидат еднакви со износите коишто се известени до НБРМ преку КН-БИФО, освен за оние категории за коишто не е пропишана сметка во Сметковниот план • б. Каматните стапки се пондерирани просечни каматни стапки применети на состојбите на кредитите и депозитите во последниот ден од месецот за кој се известува; • в. Сите каматни стапки се поделени според оригиналната рочност на доспевање. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  27. Вкупните сметководствени состојби: исклучуваат: • Сомнителните и спорни кредити и кредитите за реорганизација на долг по каматни стапки значајно пониски од пазарните; вклучуваат: • Вкупните сметководствени состојби за сите кредитни/депозитни договори кои се во важност до крајот на извештајниот период. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  28. Видови на кредити • Станбените кредити ги опфаќаат кредити за купување станови, за изградба и реновирање на куќи; • Потрошувачки кредити се кредитите одобрени на домаќинствата (со исклучок на непрофитните институции кои им служат на домаќинствата) за активности кои не се поврзани со нивното деловно работење и професија. Намерата е дека потрошувачките кредити се однесуваат исклучиво на кредити кои се користат за купување на стоки и/или услуги кои се наменети за лична потрошувачка на домаќинствата (со исклучок на непрофитните институции кои им служат на домаќинствата). На пример потрошувачки кредити за купување на возила, домашни апарати, компјутери, финансирање на годишни одмори и друго. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

  29. Видови на кредити • Кредити за други намени (различни од станбени и потрошувачки) • Кредити одобрени на домаќинствата за намени различни од горенаведените. • Кредитите за други намени ги вклучуваат: • Кредити за финансирање на школување; • Кредити за финансирање на здравствени потреби; • Кредити одобрени на самостојните вршители на дејност за вршење на нивните деловни активности; • Кредити за консолидирање на долгови; и друго. Статистика на каматни стапки на останати депозитни институции

More Related