1 / 16

XIX Годишно Собрание АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари Зорица Стојанова

Споредбена анализа на каматниот своп во одбрани земји и потребите за негово воведување во Македонија. XIX Годишно Собрание АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари Зорица Стојанова Дирекција за операции на финансиските пазари Народна банка на Република Македонија

kiora
Télécharger la présentation

XIX Годишно Собрание АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари Зорица Стојанова

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Споредбена анализа на каматниот своп во одбрани земји и потребите за негово воведување во Македонија XIX Годишно Собрание АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари Зорица Стојанова Дирекција за операции на финансиските пазари Народна банка на Република Македонија Маврово, 2014 година

  2. Содржина • Каматен своп и OIS своп – поим • OIS своп – карактеристики • OIS своп – шематски образец • Придобивки од каматниот своп и OIS пазарниот индекс • Пример за управување со ризикот од промена на каматните стапки • Компаративно истражување • Анализа на потребата од OISпазарен индекс во Македонија

  3. Каматен и OIS своп – поим Каматен своп е дериватен инструмент на пазарите на пари и претставува договор за размена на два тека на идни каматни плаќања. Ванила каматен своп (plain vanilla interest rate swap) е каматен своп со којшто се разменуваат каматно плаќање засновано на фиксна каматна стапка (т.н. своп каматна стапка), со каматно плаќање засновано на променлива каматна стапка (референтна каматна стапка на пазарите на пари). Каматен своп индексиран за референтна каматна стапка преку ноќ (Overnight Indexed Swap - OIS) е каматниот своп каде што променливата каматна стапка во свопот е референтна каматна стапка преку ноќ(пр. EURIBOR, LIBOR, EONIA).

  4. OIS своп - карактеристики • Номиналниот износ на кој гласи каматниот своп не се разменува помеѓу договорните страни и служи исклучиво за пресметковни цели • Своп каматната стапка ја договараат двете договорни страни и таа е фиксна за целото времетраење на договорот • Променливата каматна стапка е просек од нивото на референтната каматна стапка преку ноќ за времетраењето на договорот • Купувачот во каматниот своп ја плаќа своп каматната стапка, а продавачот ја плаќа променливата (референтната) каматна стапка • Еднократна размена на каматните плаќања при достасувањето на свопот, односно пренос на нето – каматното плаќање

  5. Каматен своп – шематски образец • Плаќа фиксна (своп) каматна стапка купувач продавач Номинален износ • Плаќа променлива каматна стапка преку ноќ, пр. EONIA

  6. Придобивки од каматниот своп и OIS пазарниот индекс Зошто е важен каматниот своп како инструмент, а воедно и OIS пазарниот индекс? • Понизок кредитен ризик - изложеност до висината на нето-каматното плаќањепресметано од одреден номинален износ, кој не се разменува • Алатка за управување со каматен ризик преку заштита од промената на каматните стапки • Погоден инструмент за шпекулативни активности, односно за заземање позиции (став) во однос на идните каматни стапки заради остварување профит

  7. Придобивки од каматниот своп и OIS пазарниот индекс • Своп каматната стапка ги одразува очекувањата на пазарните учесници за идното движење на каматните стапки, односно пазарните очекувања за промените на монетарната политикаод страна на централните банки. • OIS пазарните индекси обезбедуваат континуитет на каматни стапки и овозможуваат исцртување на кривата на принос со понизок кредитен ризик • Распонот помеѓу референтни каматни стапки на необезбеден сегмент и OIS пазарните индекси = индикатор за премијата за кредитен ризик и за стресот на финансиските пазари

  8. Управување со ризикот од промена на каматните стапки - пример Во билансот на Банка, на страната на пасивата има обврска со променлива каматна стапка SKIBOR, додека на страната на активата има средство што носи фиксна каматна стапка. Банката е чувствителна на пораст на каматните стапки, затоа што ќе треба да плаќа повеќе камата на своите обврски отколку што ќе добива камата од средствата. • Плаќа SKIBOR на депозити • Добива SKIBOR во OIS своп БАНКА Добива фиксна камата на обврзница Плаќа фиксна (своп каматна стапка) во OIS своп • Заради заштита од ризикот од промена на каматните стапки, Банка КУПУВА каматен своп, така што во свопот плаќа фиксно договорена, своп каматна стапка, а добива SKIBORпроменлива каматна стапка. Доколку дојде до пораст на каматните стапки банката добива во своп трансакцијата, со што ги намалува загубите што поради ваквиот пораст на каматните стапки би ги остварила во својот биланс.

  9. Компаративно истражување за примената на пазарен индекс OIS

  10. Компаративно истражување за примената на пазарен индекс OIS • Основа за развој на нови финансиски продукти • Можност за вреднување на пазарот на деривати на долгиот дел од кривата на принос • Длабок, ликвиден пазарен сегмент

  11. Потреба од каматен своп индексиран за референтна каматна стапка во Македонија Заради проценка на потребата на домашните банки за управување со каматниот ризик Направена е анализа на портфолиото на банкарски активности, од аспект на типот на каматните стапки Позициите се карактеризираат со три типа на каматни стапки: • фиксна каматна стапка - каматната стапка останува непроменета за времетраењето на договорот (номинално утврдена во договорот). • променлива (варијабилна) каматна стапка - каматната стапка е директно зависна од одредена референтна каматна стапка (EURIBOR, LIBOR, SKIBORи сл.) зголемена за каматна маргина. • прилагодлива каматна стапка - каматна стапка чија висина се менува врз основа на одлука на соодветен орган на банката.

  12. Потреба од каматен своп индексиран за референтна каматна стапка во Македонија

  13. Потреба од каматен своп индексиран за референтна каматна стапка во Македонија Структура на каматочувствителни средства и обврски • Различна структура на каматочувствителни средства и обврски во билансите на банките • Во активата - застапеноста на позициите со прилагодлива каматна стапка е умерено над позициите со фиксна каматна стапка • Во пасивата, изразена доминација на позициите со прилагодлива каматна стапка • Позициите со променливи каматни стапки се маргинални на двете страни од билансот.

  14. Потреба од каматен своп индексиран за референтна каматна стапка во Македонија Јаз помеѓу каматочувствителни средства и обврски Позитивен јаз помеѓу средствата и обврските со фиксна каматна стапка Банките се соочуваат само со опортунитетен ризик во окружување на растечки пазарни каматни стапки, бидејќи нема да можат да реализираат дополнителни приходи на своите средства. Спротивно, при пад на пазарните каматни стапки, банките сѐуште остваруваат повисоки нето фиксни каматни приходи. Негативен јаз помеѓу средствата и обврските со прилагодлива каматна стапка Банките ги прилагодуваат позициите со еднострана одлука и немаат каматен ризик.

  15. Заклучни согледувања • Во тековната поставеност на структурата на каматочувствителните средства и обврски, доминираат позициите со прилагодливи каматни стапки. • Позициите со прилагодливи каматни стапки не креираат ризик од промена на каматните стапки, затоа што се еднострано прилагодливи, со одлука на банката. • Користењето на прилагодливи каматни стапки во договорите не е присутно во развиените економии каде што постои високо ниво на заштита на потрошувачите. • По примерот на развиените земји и трендовите кај земјите од регионот за регулирање на одредбите во оваа област, евентуална промена во законската регулатива во Македонија во иднина би ја ограничила примената на прилагодливите каматни стапки. • Ваквата промена ќе креира поголеми ризици за банките од промена на каматните стапки и потреба од заштита од таквите ризици. • Во овие услови, каматниот своп е инструмент којштоќе им биде потребен на • банките за да се заштитат од ризикот од промена на каматните стапки.

  16. Ви благодариме за вниманието

More Related