1 / 43

Безбедносната состојба на подрачјето на град Скопје за прво тримесечие од 2006 година

Безбедносната состојба на подрачјето на град Скопје за прво тримесечие од 2006 година.

melba
Télécharger la présentation

Безбедносната состојба на подрачјето на град Скопје за прво тримесечие од 2006 година

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Безбедносната состојба на подрачјето на град Скопје за прво тримесечие од 2006 година • Во првото тромесечие од 2006 година, на подрачјето на град Скопје регистрирано е намалување на бројот на извршени кривични дела, а со тоа и намалување на последиците предизвикани со нив. Во исто време СВР-Скопје постигна голема ефикасност во откривањето на кривичните дела. • Така во овој период извршени се 1915 кривични дела (лани 2277) кои во споредба со истиот период лани бележат намалување за 362 дела или 16 %. • Делата од класичниот криминал бележат намалување за 21 %, а најзастапени се имотните деликти и тоа тешките кражби во возила, продавници, а од потешките се извршени две убиства, еден обид за убиство, 14 тешки телесни повреди, 103 разбојништва и др. • Во овој период се откриените 13 дела од организиран криминал, 39 од економски криминал, 50 од недозволена трговија и 260 дела од областа на ЗБС. • Во областа на ЈРМ состојбите се поповолни во однос на лани, бидејќи регистрираните прекршоци се во намалување. Одржани се повеќе протести пред државни институции кои минаа мирно без поголеми нарушувања на ЈРМ. • Од вкупно извршените 1915 кривични дела 291 се со познат сторител, а 1624 се извршени од непознат сторител. Во работењето се расветлени 1368 НН дела извршени во тековен период со што е постигната ефикасност од 67,8 % (истиот период лани 48,5 %). • Покрај ова расветлени се и 392 НН дела од други години или СВР-Скопје вкупно расчисти 1659 кривични дела и постигна ефикасност од 72 % (лани 54 %). • За вкупно расчистените дела поднесени се 953 кривични пријави против 1418 лица, од кои 641 биле повторници. Од вкупно пријавените 235 биле малолетници и 17 деца кои извршиле или учествувале во извршување на 209 кривични дела. Од вкупно пријавените, од страна на Истражни судии на 46 лица им е одредена мерка притвор. • Инаку гледано по ОВР, како и досега најмногу кривични дела се регистрирани на подрачјето на ОВР-Центар, а и ефикасноста е најголема на подрачјето на ОВР Центар во вкупното расчистување на инкриминациите во овој период на ниво на градот. Додека најголема ефикасност според регистрираните и расчистени дела во рамките на ОВР за ова тромесечие бележи ОВР Чаир.

  2. ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ • Во првото тромесечие од годинава се откриени 13 кривични дела од областа на организираниот криминал. Од нив пет дела се перење пари и друга против правна имотна корист, две фалсификувања пари, по едно кривично дело давање поткуп, криумчарење и криумчарење на мигранти како и две помагања. Пријавени се девет лица, а на три од нив Истражниот судија им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена. • Перењето пари и друга против правна имотна корист е дело кое вообичаено се врши во стек со даночното затајување. Пријавените лица, скоро сите сопственици и управители на фирми, при стопанисување со фирмите пуштиле во оптек пари за кои знаеле дека се прибавени со казниво дејствие, нанесувајќи притоа огромна материјална штета на пошироката заедница. • За кривичните дела фалсификување пари се пријавени две невработени лица од Скопје кои во менувачница и на тезга пуштиле во оптек две фалсификувани банкноти од по 1.000,00 денари. • За давање поткуп и помагање се пријавени и притворени две бугарски државјанки кои на полицаец му понудиле и дале поткуп од 100 евра и 10 американски долари со цел да не бидат приведени во полиција поради претходно извршена кражба во бутик. • За криумчарење и помагање во врска со ова дело се пријавени две лица од Скопје кои од Косово во нашата земја прокриумчариле 450 штеки цигари без да ги платат давачките кон државата во износ од 240.000,00 денари. • За криумчарење на мигранти е пријавено и притворено лице од Гостивар кое за одреден паричен надоместок прифатило да превезе до Скопје пет мигранти од Р. Албанија, кои илегално влегле во нашата земја. • Против две лица од Скопје е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама. Тие од лице од Косово набавиле поголема количина на прокриумчарени домати и истите на Кванташки пазар ги продавале за одредена заработувачка.

  3. ЕКОНОМСКИ КРИМИНАЛ • Од областа на економскиот криминал, во првите три месеци од годинава се откриени три дела повеќе во однос на истиот период лани. Вкупно откриени се 39 кривични дела и тоа: осум дела издавање чек без покритие, по шест дела злоупотреба на службената положба и овластување и даночно затајување, а од останатите економски инкриминации 12 дела се симнување или оштетување на службен печат или знак, две помагања и по едно дело лихварство, оштетување или повластување на доверители, неовластена употреба на туѓа фирма, осигурителна измама при добивање на кредит или друга погодност. • За наведениве економски инкриминации до ОЈО во Скопје се поднесени 27 кривични пријави против 44 лица, а причинетата материјална штета со нив изнесува 81 м-ни денари.

  4. За кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластување се пријавени 10 лица, кои со разни малверзации ја оштетиле државата за износ од над 21 м-ни денари. Според висината на причинетата материјална штета за одбележување е кривичната пријава поднесена против книговодител кој со изготвување на фалсификувана документација односно двојни фактури, проневерил 11 м-ни денари од друштвото. • За кривичното дело даночно затајување се пријавени девет лица скоро сите управители на ПП кои затаиле над 12 м-ни денари давачки кон државата. Повеќето од пријавените лица од порано и се познати на Службата за што досега повеќе пати се пријавувани за овие инкриминации. Така, осум управители на трговски друштва со плаќање на фиктивни фактури добиени од друштвата (Ело Добривој, Ерон, РАК-2, БМС, Мис Проект и Мак Проект) за наводно извршени градежни работи и консалтинг услуги, затаиле данок од добивка и ДДВ од над 11 м-ни денари. • Исто така, во изминатите три месеци се поднесени и пет кривични пријави од Законот за акцизи (три по чл. 60, две по чл. 59). Пријавени се пет лица-сите од Скопје, освен едно од Гостивар, од кои се одземени 189 штеки цигари и 1335 шишиња од по еден литар разни алкохолни пијалоци. Инаку, акцизната стока е пронајдена и одземена при претрес во куќа, возило и на пазарите во градот. • Од кривичните пријави поднесени за фалсификување исправи, седум се однесуваат за фалсификувани дипломи (шест за Високо и едно за средно образование), а во два случаи се фалсификувани потврди за работен однос и истите се употребени при аплицирање на кредити и пост-пејд пакети. • За делата повреда на авторско право и сродни права се поднесени кривични пријави против четири лица, сите продавачи на тезги на Зелен пазар и Буњаковец. Поради неовластена продажба на пиратски изданија, од нив се одземени вкупно 2177 ДВД и ЦД изданија.

  5. НЕДОЗВОЛЕНА ТРГОВИЈА Во првите три месеци од 2006 година од областа на недозволената трговија со наркотични дроги и оружје откриенисе 50 кривични дела (лани 48), што е за две повеќе во однос на споредбениот период минататa година.

  6. До ОЈО Скопје поднесени се 49 кривични пријави против 92 лица од кои 10 кривични пријави биле притворски предмети. • Од областа на НТ со наркотични дроги откриени се 26 кривични дела кои се однесуваат на Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, за што се пријавени 63 лица. При реализацијата на овие кривични дела пронајдени се и одземени следните количини на наркотични дроги: 2129,45 грама хероин и 2,4 мл течен хероин, 1302,32 грама марихуана и 7 стебла, 167 таблети екстази. • Во ова тромесечие регистрирани се 80 новопројавени уживатели на наркотични дроги. • Од областа на недозволената трговија со оружје откриени се 24 кривични дела, за едно повеќе од минатата година, за што се пријавени 29 лица. При расчистување на овие дела се пронајдени и одземени: четири автоматски пушки, една пушка, една воздушна пушка, 15 пиштоли од кои три се гасни, 890 куршуми и 27.127 петарди. • Во извештајниот период поднесени се 32 прекршочни пријави против исто толку лица од законот за набавување производство и пуштање во промет на наркотични дроги и една од законот за набавување, поседување и носење на оружје.

  7. КЛАСИЧЕН КРИМИНАЛИТЕТ • Во трите месеци од 2006 година, бројката на кривичните дела од областа на класичниот криминалитет, како и причинетата материјална штета со нив е во намалување. Ваквата тенденција е забележана кај сите кривични дела, а посебно кај кривичните дела од потежок вид.

  8. Во првото тромесечие од 2006 година, се регистрирани 1553 кривични дела од областа на класичниот криминалитет кои во однос со лани, се во намалување за 419 дела, или за 22 % . • Вкупната ефикасност на расветлување на кривичните дела извршени од НН сторител изнесува 67 % или расветлени се вкупно 1285 НН дела, а заедно со кривичните дела со познат сторител се расчистени вкупно 1316 дела со што е постигната вкупна ефикасност од 68 % . • Од кривичните дела против животот и телото се регистрирани 34 дела, кои во споредба со истиот период лани бележат намалување за пет дела или за 13%. Најчести причини за извршување се заради претходни расправии, љубовни врски, нерасчистени имотно правни односи и сл. • Од потешките дела од овој вид регистрирани се две убиства и едно убиство во обид,14тешки телесни повреди и 17 загрозувања со опасно орудие при тепачка иликараница.

  9. Од кривичните дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот се регистрирани три кривични дела-две грабнувања и едно противправно лишување од слобода. • За одбележување е грабнувањето што го извршиле тројца сторители од Скопје, кои по нарачка на лице го грабнале М.М. од Куманово и притоа од него побарале 13 000 евра. Против сторителите е поднесена кривична пријава за кривично дело-грабнување, а против нарачателот за кривично дело поттикнување во врска со грабнување. Истовремено одреден им е притвор во траење од 30 дена. • Од имотните деликти – 1395, вкупно се расчистени 1032 дела, со што е постигната ефикасност од 60 %. • Евидентирани се 159 имотни деликти извршени со насилство и бруталност. Од вкупниот број деликти 103 се разбојништва и тие бележат намалување за 53 дела во однос на ланското тромесечие, потоа извршени се 45 дрски кражби и 11 разбојнички кражби. • Најзастапени се разбојништвата на отворен простор-70, над таксисти-13, во продавници-шест, по едно на бензиска пумпа, во менувачница , над поштар и др. • Сторителите во 15 случаи користеле огнено оружје, во 19 случаи-нож, во 26 случаи физичка сила и во 43 вербална закана. • Во овој период беа фатени повеќе познати криминалци сторители на ваков вид деликти, кои делувале самостојно или групно извршиле значителен број разбојништва. • Исто така, во овој период се евидентирани 33 тешки кражби на ПМВ (лани - 45), а се расветлени пет дела. Најчесто биле крадени возила од типот Голф-5, Мерцедес-3, Ауди-2, Даеву-2, Рено-2, потоа Цитроен, Опел, Лада, Пасат, Југо и тн. • Во изминатото тримесечие се регистрирани и две кривични дела - изнуда кои се расветлени и против двајца сторители од Скопје се поднесени кривични пријави. • Во првиот случај, сторителот со употреба на сила и сериозна закана присилил 45-годишна скопјанка да му даде 1000 евра. Во вториот случај, познат сторител од Скопје, во периодот од ноември 2005 до март 2006 год со сериозна закана дека ќе посегне на животот и телото на лице од Скопје и неговото семејство, во повеќе наврати се обидувал да му изнуди, по што на почетокот од месецот му изнудил 500 евра. • Во ова тромесечие од годинава 10 лица си го одзеле животот. • Самоубиствата се извршени од девет машки и едно женско лице претежно над 30 годишна возраст во момент на нервно растројство, заради болест, несредени семејни односи и сл. Истите се извршени со огнено оружје - две, со бесење - шест, со скокање од височина - две. • Регистрирани се четири несреќни случаи во кои исто толку лица го загубиле животот, а причина за смртта била од невнимание. Исто така, се случиле и два несрекни случаи при работа во кои две лица задобиле тешки повреди.

  10. СООБРАЌАЈ • Во првото тромесечие од 2006 година на подрачјето на Скопје и околината се случени вкупно 2199 сообраќајни незгоди (лани 2269), од кои 260 се со потешки последици (лани 205), а во останатите е предизвикана материјална штета и се оквалификувани како прекршоци. • Од сообраќајните незгоди со потешки последици 10 се со загинати лица, а 250 се со повредени лица. Во истите 11 лица го згубиле животот, со тешки телесни повреди се здобиле 100 лица, а со лесни повреди 290 лица. Регистрирани се и три железнички незгоди во кои тројца пешаци загинале. • Висината на материјалната штета причинета со потешките незгоди изнесува околу 10,5 м-ни денари. • Во споменатиот тримесечен период, во незгодите животот го загубиле вкупно 11 учесници во сообраќајот, од кои четворица возачи на патнички моторни возила и седум возрасни лица-пешаци . • Од вкупниот број на повредени 390 учесници, 135 се возачи на ПМВ, 89 се пешаци, од кои 17 деца, 134 сопатници, 17 велосипедисти, осум возачи на велосипедисти со мотор, три моторциклисти и останати учесници четири. • Од ова може да се заклучи дека пешаците, сопатниците и возачите на ПМВ се најзагрозена категорија на учесници во сообраќајот. • Според видот на незгоди, во ова тромесечие како и во споредбениот период, најзастапени се меѓусебно судирање на возила во движење -132 со 232 повредени лица, соборување или газење на пешаци - 85 со 95 повредени и четири загинати лица, удар на возило во објект покрај патот - 14 при што две лица загинале, а 24 се повредени, слетување или превртување на возило - 20 со 32 повредени лица и еден загинат. • Во ова тромесечие најмногу незгоди со потешки последици се случени поради пребрзо или неприлагодено возење – 81, при што седум лица загинале, а 126 се повредени, непрописно движење, свртување и возење наназад - 38, при што едно лице загинало, а 44 лица се повредени, неправилно движење на пешаци - 19 со 20 повредени лица, непочитување на правилата на првенство на минување - 41 при што се повредени 72 лица, страна и правец на движење - 35 со 59 повредени лица, потоа возење под дејство на алкохол - пет со осум повредени лица и др.

  11. Причини за сообраќајни незгоди со потешки последици

  12. Што се однесува до сообраќајните незгоди со потешки последици во овој период најзагрозени сообраќајници во градот биле бул „Партизански Одреди” - 12 незгоди, во кои 15 лица се повредени, бул „Србија” - девет незгоди со 18 повредени лица, ул „Драчевска” - седум незгоди со две загинати и седум повредени лица, ул „Првомајска” со 11 незгоди со 13 повредени лица, итн. Што се однесува до сообраќајните незгоди на отворени патишта, на нив се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди, а најзагрозен патен правец бил Скопје - Велес со три собораќајни незгоди во кои 21 лице се повредени. • Во овој период се регистрирани и 1773 сообраќајни незгоди само со материјална штета за кои против сторителите се поднесени прекршочни пријави. Од нив 584 се настанати заради брзо возење, потоа 687 непрописно движење, 329 заради непрописно растојание, 257 заради непочитување на правила на првенство на минување и др. Против учесниците во сообраќајот за сторени прекршоци се преземени и други мерки од ЗБСП. Покарактеристични прекршоци во сообраќајот за прво тромесечие за 2006 година

  13. Контролите воедно беа спроведени над 55469 возила и 55892 возачи, при што кај 7788 возила констатирано е техничка неисправност, заради што се преземени соодветни мерки. Потоа 450 учесници во сообраќајот се парично казнети на лице место, поднесени се 12912 барање за поведување прекршочна постапка, а за поситни престапи се опоменати 2916 возачи. • При контролата на возилата и возачите над 2479 возачи е употребен алкотест, при што е констатирано дека 293 возачи управувале возила под дејство на алкохол, за што тие се исклучени од сообраќајот и против нив се преземени мерки на прекршочен прогон.

  14. ПОЖАРИ • Во првите три месеци годинава на подрачјето на градот и околината настанале вкупно 93 пожари (лани 86), при што причинетата материјална штета изнесува околу 20 м-ни денари. Од нив пет биле намерно предизвикани. Според објектот на опожарување најмногу пожари се регистрирани на градежни објекти - 71, на сообраќајни средства - 17 и на отворен простор - пет пожари. Како најчеста причина за настанатите опожарувања во објектите бил дефект на електирични инсталации, електрични уреди и апарати, потоа во сообраќајни средства пожарите настанале поради неисправна електрична инсталација, а за пожарите на отворен простор најчеста причина е отворен пламен.

  15. ЈАВЕН РЕД И МИР И ПОРЕДОК • Во првото тромесечие од 2006 година, вкупниот број на регистрирани прекршоци од областа на ЈРМ, споредбено со истиот период од лани се во намалување, а не се регистрирани ниту нарушувања на ЈРМ од поголем обем. • Така, во првото тромесечие од 2006 година се регистрирани 666 прекршоци од областа на ЈРМ (лани 744). • Од нив најбројни се прекршоците физички напади – 241 и тепачки - 124, од кои најголемиот дел се расчистени, а како нерасчистени се останати уште 22 физички напади и три тепачки. • Како потешки прекршоци се вбројуваат и прекршоците против интегритетот, угледот и работењето на ОСЛ од кои во овој период се регистрирани вкупно 50 прекршоци од кои најзастапени се омаловажување на ОСЛ - 38, спречување на ОСЛ - 6 и напад на ОСЛ - 6. Другите прекршоци од областа на јавниот ред и мир како што се карање, викање, непристојно однесување, потоа влегување и задржување во заеднички простории, вознемирување на соседи и други прекршоци се застапени во помал број. Преглед на причини за нарушување на ЈРМ како и покарактеристични места каде истите се случувале

  16. Јавниот ред и мир е нарушуван на целото Скопско подрачје во сите периоди на денот, најчесто на отворен протостор, главно на улици, угостителски објекти, потоа станови, и тн. Според средината во која се чинат нарушувањата, поголем број се во градските а помалку во селските населби. Дел од нарушувањата на ЈРМ - околу 1/3 биле сторени од страна на лица во алкохолизирана состојба. Најголем број сторители биле од машки пол на возраст од над 25 години. • Во ова тромесечие на подрачјето на Скопје се одржани вкупно 32 протести и тоа пред Владата на РМ, Собранието на РМ, судовите и други државни институции. од страна на граѓани, вработени во повеќе претпријатија и здруженија на граѓани. • Сите протести поминаа мирно, без нарушување на јавниот ред и мир.

  17. Регистрирани кривични дела во првото тромесечие од 2006/05 година

  18. Споредбен приказ на извршени кривични дела по ОВР за прво тромесечие од 2006/05 година

  19. Графички приказ на извршени кривични дела по ОВР за прво тромесечие од 2006/05 год.

  20. Извршени кривични дела на подрачјето на СВР Скопје за прво тромесечие 2006 година

  21. Вкупно расчистени кривични дела во прво трпмесечие од 2006год и кривични дела кои се расчистени, а не се поднесени кривични пријави до ОЈО.

  22. Вкупно расчистени кривични дела во првото тромесечие од 2006 година(Расчистени и документирани дела заедно сорасчистени дела кои сеуште не седокументирани)

  23. Вкупно расчистени кривични дела во првото тромесечие од 2006 год. и кривични дела кои се расчистени, а не се поднесени кривични пријави до ОЈО по ОВР.

  24. Вкупно расчистени дела во прво тромесечие 2006/2005 година (расветлени НН дела, дела со познат од тековен период и расветлени НН дела од претходни години)

  25. Вкупно расчистени и документирани дела во прво тромесечие 2006/2005 година

  26. Вкупно расчистени дела во првото тромесечие од 2006/2005 година(расветлени НН дела, дела со познатсторител и расветлени НН делаоддруги години)

  27. Расчистени дела во првото тромесечие од 2006 год. на подрачјето на СВР Скопје (расветлени НН дела, дела со познат сторител и расветелни НН дела од други години)Учество по ОВР во однос на вкупно расчистените во СВР

  28. Вкупна ефикасност на СВР Скопје и по ОВР во првото тромесечие 2006 год.

  29. Расветлени НН дела извршени од непознат сторител во првото тромесечие за 2006/2005 година

  30. Расветлени дела извршени од непознат сторител во прво тромесечие од 2006 год. на подрачјето на СВР Скопје

  31. Вкупно расветлени НН дела во првото тромесечие за 2006/05 година(расветлени НН дела од тековен период и расветлени НН дела извршени водруги години)

  32. Извршени и расветлени убиства за првото тромесечие од 2006/05 год.

  33. Извршени, откриени разбојништва во прво тромесечие за 2006/05 година

  34. Извршени разбојништва во првото тромесечие од 2006 година по објект на напад

  35. Вкупно извршени и расветлени покарактеристични дела за прво тромесечие 2006/05 година

  36. Откриени кривични дела од областа на економскиот криминал споредбено 2006/2005година

  37. Откриени кривични дела од областа на НТ за прво тромесечие 2006/05 година

  38. Прекршоци по ЈРМ

  39. Сообраќајни незгоди во прво тромесечие споредбено за 2006/05 година

  40. Загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди со потешки последици во првото тромесечие за 2006/05 година

  41. Причини за случени сообраќајни незгоди со потешки последици за прво тромесечие 2006/05 година

  42. Покарактеристични прекршоци во сообраќајот за првото тромесечие за 2006 година

More Related