1 / 25

Минов Михаил, фарм спец ЕУРО-ФАРМ маркетинг & продажба

Минов Михаил, фарм спец ЕУРО-ФАРМ маркетинг & продажба. Растворите со солена вода се делат на : Изотонични - концентрацијата на сол е еднаква со концентрацијата во телото (=0,9%) Хипертонични - концентрацијата на сол е поголема од концентрацијата во телото ( > 0,9% )

ryder
Télécharger la présentation

Минов Михаил, фарм спец ЕУРО-ФАРМ маркетинг & продажба

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Минов Михаил, фарм спец ЕУРО-ФАРМ маркетинг & продажба

  2. Растворите со солена вода се делат на: • Изотонични - концентрацијата на сол е еднаква со концентрацијата во телото (=0,9%) • Хипертонични - концентрацијата на сол е поголема од концентрацијата во телото (>0,9%) • Овие раствори уште се и поделени на: • Солени раствори (прочистена вода и NaCl) • Морска вода (NaCl, минерали и елементи во трагови)

  3. Физиолошки разлики помеѓу изотонични и хипертонични раствори: • Изотонични раствори • - се користат за промивање на носната шуплина • Хипертонични раствори • за промивање, • како природни деконгестанти, • ја подобруваат функцијата на цилиите, одговорни за отстранување на мукус и прашина, и останати надворешни честици од носот • Ограничување на хипертонични раствори: • - Многу висока концентрација на сол (>3%) може да ја иритира назалната мукоза и да делува неповолно врз функцијата на цилиите

  4. Морската вода има предност во однос на обичните солени раствори поради присуството на елементи во трагови и минерали • Предности од употреба на хипертонична морска вода: • Намалување на употребата на лекови (на пр. антихистаминици) • Подобрување на квалитетот на живот • Безбедност за употреба кај бремени жени

  5. Студија за ефикасност на хипертонична морска вода, во третман на перзистентен ринит/риносинузит 256 пациенти со ринитис/синузитис поделени во три групи: Стандартен третман со интраназални кортикостероиди, без хипертоничен спреј за нос Хипертоничен спреј за нос додаден кон стандардната терапија, интраназалните кортикостероиди прекинати од втората недела Хипертоничен спреј за нос додаден кон стандардната терапија, интраназалните кортикостероиди прекинати од почетокот на студијата Употребата на хипертоничен спреј за нос значајно ги подобри симптомите како кивање, чешање, конгестија, и ја намали потребата од употреба на интраназални кортикостероиди Употребата на хипертоничен спреј за нос обезбедува ефикасна и безбедна придружна терапија за третман на ринитис/синузитис. Додатна предност е тоа што хипертоничната морска вода придонесува за редукција на дозата на интраназални кортикостероиди Strnad P, Skoupa J, Cimrova H, Hornik P. Efficacy od hypertonic seawater saline in the treatment of persistent rhinitis/rhinosinusitis. Arch Otolaryngol Head Neck Surg. 2008

  6. Третман со хипертоничен физиолошки раствор , наспроти изотоничен (нормален физиолошки) раствор, како назална промивка кај педијатриски хроничен синузит Рандомизирана, двојно слепа студија за споредба на ефектите на промивка на нос со хипертоничен солен раствор и со изотоничен солен раствор кај педијатриски пациенти со хроничен синузит Третманот со хипертоничен солен раствор покажа значително подобрување на симптомите како кашлица, секреција од нос, формирање на мукус(постназален дрип), додека третманот со изотоничен солен раствор покажа позитивни резултати само кај формирањето на мукус. Третманот со хипертонична солена вода е ефикасен кај хроничен синузит. Shoseyov D, Bibi H, Shai P, Shoseyov N. Treatment with hypertonic saline versus normal saline nasal wash of pediatric chronic sinusitis. J Allergy Clin Immunology. May 1998

  7. Хипертоничен физиолочки раствор кај деца со аденоидна хипертрофија, прелиминарни докази Аденоидна хипертрофија – хипертрофија на аденоидниот тонзил – една од најчестите причини за хируршка интервенција кај деца. Цел на студијата – да се одреди ефикасноста на изотоничен и хипертоничен солен раствор кај деца со аденоидна хипертрофија, после 8 неделен третман Резултати – третманот со хипертоничен раствор доведе до редукција на степенот на аденоидна хипертрофија кај 43,5% од случаите, додека третманот со изотоничен раствор доведе до редукција кај 30,7% од случаите. И кај двете групи не беа забележани несакани ефекти Ciprandi G, Varricchio A, Capasso M, Varricchio A.M. Hypertonic Saline Solution in Children With Adenoidal Hypertrophy: Preliminary Evidence. European Journal of Inflamation Vol.5. 2007

  8. Небулизиран Хипертоничен физиолошки раствор, без дополнителни бронходилататори, кај деца со бронхиолит Цел на студијата – да се определи степенот на несакани ефекти од употреба на небулизиран хипертоничен солен раствор без додатни бронходилататори кај деца со бронхиолитис Резултати – Од 377 аплицирани дози на 3% солен раствор, забележани се 4 несакани ефекти (1% ризик од несакани ефекти). Несаканите ефекти обично беа благи (кашлање). Само во еден случај беше забележана појава на бронхоспазам (0,3% ризик). Заклучок – Употребата на 3% солен раствор без додатни бронходилататори кај педијатриски пациенти со бронхиолитис има мал ризик од појава на несакани ефекти. Ralston S. Hill V, Martinez M. Nebulized Hypertonic Saline Without Adjunctive Bronchodilatators for Children With Bronchiolitis. Pediatrics. August 2010

  9. Студија за истражување на влијанието на промивање на носната шуплина со изотоничен и хипертоничен солен раствор врз мукоцилијарниот клиренс кај пациенти со алергиски ринит, и акутен и хроничен синузит Промивање со хипертоничен солен раствор го подобри мукоцилијарниот клиренс кај пациентите со хроничен синузит. Промивање со изотоничен солен раствор го подобри мукоцилијарниот клиренс кај пациенти со алергиски ринит и акутен синузит. Заклучок - промивањето на носот со изотоничен или хипертоничен солен раствор го подобрува мукоцилијарниот клиренс кај различни назални патологии. Сепак, овие раствори треба селективно да се ординираат, бидејки различна концентрација на сол делува на различни патологии Ural A, Oktemer TK, Kizil Y, Ileri F, Uslu S. Impact of Isotonic and Hypertonic Saline Solutions on Mucociliary Activity in Various Nasal Pathologies: Clinical Study. J Laryngol Otol. May 2009. 123(5):517-521

  10. Студија за ефикасноста на хипертонична морска вода во превенција на симптоми на сезонски алергиски ринит кај педијатриска популација Студијата вклучи 20 пациенти на возраст од 6-12 години. Кај 10 беше аплициран хипертоничен солен раствор 3 пати дневно во периодот на сезона на полен (6 недели), а 10 пациенти служеа како контролна група. Кај пациентите кај кои беше применет хипертоничен солен раствор беше забележано подобрување на симптомите на алергиски ринит после третата недела од третманот, како и намалена употреба на орални антихистаминици после третата недела. Со оваа студија се покажа корисноста на употребата на хипертоничен солен раствор кај деца со алергиски ринит во тек на сезоната на полен. Garavello W, Romagnoli M, Sordo L, Maria Gaini R, Di Berardino C, Angrisano A. Hypersaline nasal irrigation in children with symptomatic seasonal allergic rhinitis: A randomized study. 2003. Pediatric Allergy and Immunology. Vol 14. 140-143

  11. Хипертоничната морска вода аплицирана назално претставува ефикасен и безбеден начин за третман на симптомите на синузитис, алергиски ринитис (кивање, конгестија, чешање) со многу мал ризик од појава на благи несакани ефекти Со изотонична морска вода се постигнува ефикасно и безбедно прочистување на носната и ушната шуплина и отстранување на страните агенси (алергени) кои можат да доведат до појава на синузит, ринит и други респираторни алергии.

  12. Повеќе од 20 години, ISOMAR, претставува блокбастер, во својата група производи. Благодарение на исклучително чистата средина на Cinque Terre, водата е стерилна, а нејзината особеност се гледа во специфичниот состав од минерали и елементи во трагови, кои водата ISOMAR ги содржи, според што водата ISOMAR има скоро идентичен состав со неорганската фракција на човековата крвна плазма. Содржината на калциум, магнезиум, сулфати, како и железо, цинк и манган, исклучително поволно влијаат на заштитата од инфекции, при локална назална апликација, како и ослободување од конгестијата на назалната мукоза

  13. Водата ISOMAR содржи компоненти кои ги нема во ниту еден друг производ Водата ISOMAR е производ што може да се употребува неограничено долго, целосно безбеден, без ризик од провокација на било каква зависност или чувствителност. Комплексниот состав на водата ISOMAR, има неспоредлива предност, која потекнува од микро-елементите со имуно-стимулирачки карактеристики (цинк, бакар, манган).

  14. Isomar decongestant –Hypertonic Sea Water Хипертоничен раствор базиран на чиста морска вода, со природно деконгестивно дејство врз назалното ткиво.

  15. Isomar Vials decongestant –Hypertonic Sea Water Хипертоничен раствор базиран на чиста морска вода, со природно деконгестивно дејство врз назалното ткиво. Хипертоничната морска вода го ослободува носот од вишокот мукоза преку осмоза, не создава зависност, не го оштетува ткивото или предизвикува предозирање и може да се користи за време на бременост. Погоден е при сите видови алергии, особено кај оние предизвикани од полен.

  16. Isomar Vials decongestant –Hypertonic Sea Water Индикации: Го помагаат навлажнувањето и дренажата на назалната мукоза, ги намалуваат отоците во горните дишни патишта. Ја отстрануваат застоената мукоза од носните патишта при настинки и алергиски ринитис. Ги ублажуваат симптомите кај пациенти со синузитис и рино-синузитис, темелно ги чистат носните празнини, отстранувајќи прашина и смог. Пакувањето содржи 18 вијали по 5 мл. ОДЛИЧЕН ИЗБОР, ЗА УПОТРЕБА КАКО НЕБУЛА, ВО ЕЛЕКТРИЧЕН ИНХАЛАТОР !!!

  17. ИЗОМАР СПРЕЈ деконгестант Isomar Spray Nose decongestant – Hypertonic Sea Water Хипертоничен раствор базиран на чиста морска вода, со природно деконгестивно дејство врз назалното ткиво. Хипертоничната морска вода го ослободува носот од вишокот мукоза преку осмоза, не создава зависност, не го оштетува ткивото или предизвикува предозирање и може да се користи за време на бременост. Погоден е при сите видови алергии, особено кај оние предизвикани од полен. Состав Хипертонична, стерилна морска вода Индикации Го помага навлажнувањето и дренажата на назалната мукоза, ги намалува отоците во горните дишни патишта. Ја отстранува застоената мукоза од носните патишта при настинки и алергиски ринитис. Ги ублажува симптомите кај пациенти со синузитис и рино-синузитис, темелно ги чисти носните празнини, отстранувајќи прашина и смог. Производот е под гас.

  18. ИЗОМАР ИЗОТОНИЧЕН РАСТВОР-Isomar Isotonic Sea Water. Изотоничен и физиолошки раствор на морска вода

  19. ИЗОМАР ВИЈАЛИ ИЗОТОНИЧЕН РАСТВОР ЗА НОС И ОЧИ Isomar Vials Daily nose-eyes hygiene Isotonic Sea Water. Изотоничен и физиолошки раствор на морска вода наменет за секојдневна хигиена на носот и очите, кајбебиња, деца и возрасни. Индикации Се препорачуваат да се употребува за секојдневна хигиена на носот. Се користат при настинки, синузити, ринитис, алергии предизвикани од полен и кај лица кои работат во затворени простории, особено во присуство на прашина и на токсични агенси. Isomar вијалите ја зголемуваат влажноста и ја помагаат дренажата на мукозната мембрана.

  20. ИЗОМАР СПРЕЈ БЕБЕ ЗА НОС • Isomar Spray Baby nose –Isotonic Sea Water • Изотоничен и физиолошки раствор на морска вода • наменет за секојдневна хигиена на носот, • кај деца (од 6 месеци) и возрасни. • Состав Изотонична морска вода • Индикации • настинки, • бронхитис, • кашлица, • астма, • синузити, • респираторни алергии, и • кај лица кои работат во затворени простории, • особено во присуство на прашина и на токсични агенси.

  21. ИЗОМАР СПРЕЈ БЕБЕ ЗА НОС Isomar Spray Baby nose –Isotonic Sea Water Isomar Spray Baby се препорачува во педијатрискиот период, почнувајќи од 6 месеци, за време на бременост, како и за време на доење. Isomar Spray Baby ја зголемува влажноста на мукозната мембрана. Кај деца кои не можат да го издувуваат носот сами Isomar Spray Baby им помага ноздрите да им останат чисти. Кај возрасни ја помага дренажата на мукозната мембрана. Се препорачува да се употребува за секојдневан хигиена на носот. Isomar Spray Baby, може да се употребува неколку пати во текот на денот. Нема контраиндикации и не создава зависност. Производот не е под гас и може да се користи за повеќе од 400 вшприцувања.

  22. ИЗОМАР СПРЕЈ ЗА НОС И УШИ Isomar Spray Daily nose – ears hygiene Isotonic Sea Water. Изотоничен и физиолошки раствор на морска вода наменет за секојдневна хигиена на носот и ушите кај деца и возрасни. Состав Изотонична морска вода, деминерализирана до 100мл, инертен гас: Азот Индикации Се користи при настинки, бронхитис, кашлица, астма, синузити, респираторни алергии, и кај лица кои работат во затворени простории, особено во присуство на прашина и на токсични агенси. Неопходен е кај лица кои биле подложени на назални операции и кај лица кои имаат проблем со рчење ( хронична или акутна ронхопатија).

  23. Isomar Blu- паста за заби, за деца и за возрасни Единствена паста за заби, со морска вода, исклучително богата со природен калциум флуорид.ISOMAR BLU пастата се препорашува и за деца под 7 години старост, без родителски надзор, бидејќи не содржи додадени флуориди (само природна концентрација, од морската вода). Не содржи Натриум Лаурил Сулват (СЛС) Благодарение на содржината на Калциум и Флуориди, во морската вода,ISOMAR Blu на природен начин ја активира одбраната на гингивалните ткива (непцата), и го зајакнува заштитниот слој на глеѓ.ISOMAR Blu има анти-бактериско дејство, дејство против забнен камен, како и зајакнувачка улога, на забите и непцата, особено за оние со отечени и зацрвенети непца.

  24. Ексклузивен застапник и дистрибутер:

More Related